×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пензионерите до крајот на месецов ќе добијат за 7 отсто повисоки пензии

    19.09.2022 15:50 | Сузана Николиќ

    Пензионерите на крајот од месецот ќе добијат околу седум проценти покачување, усогласување на пензиите согласно новата методологија која ја донесовме во март 2022, односно усогласување 50 проценти од трошоците на живот и 50 проценти во однос на просечната плата.

    Пензионерите до крајот на месецов ќе добијат за 7 отсто повисоки пензии

    Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска информираше дека некаде околу 36 илјади домаќинства се приматели на гарантирана минимална помош кои се вклучени во системот за социјална заштита.

    „Системот од 2019 година во делот на намалување на сиромаштијата дава ефекти особено во пандемијата и економската криза со која се соочуваме е отворен систем којшто брзо ги вклучува сите оние коишто во одреден момент се нашле во ситуација да се материјално необезбедени. Постојат мерки и за семејства кои се со еден родител, како и за оние семејства каде имаме две, три или повеќе деца, детски и образовен додаток кои навистина вклучи многу поголем број семејства за разлика од претходниот систем кои ги ограничуваше семејставта да го примаат додатокот“, рече Тренчевска.

    Со новите мерки кои заедно со министерот за финансии и останатите министрите во Владата ги креираат во пресрет на зимата, како што додаде, очекуваат да ги згрижиме барем оние кои се најранливи во општеството.