×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Попишани над 400 000 граѓани

    13.09.2021 11:37 | Сузана Николиќ

    Попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, соопштуваат од Државниот завод за статистика (ДЗС). Во текот на вчерашниот ден, биле попишани 111.186 лица.

    Попишани над 400 000 граѓани

    Државниот завод за статистика уште еднаш ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.

    „Попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираме до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци. Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас“, соопштуваат од ДСЗ.