Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски соопшти дека во земјава се попишани 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови во земјава.
Додека преку интернет апликацијата, во дијаспората се самопопишани 204.805 македонски државјани, најмногу во западно-европските земји, а многу малку во прекуокеанските држави.
„Пописот е целосно успешен и по 20 години имаме успешна статистичка операција на попис на населението“, кажа Симовски.
Симовски рече дека споредбата на податоците ќе се врши за време на обработката на податоците во наредниот период, а дека конечните податоци ќе бидат објавени во рок од 6 месеци, до крајот на март идната година.
На прашањето колку граѓани одбиле да им отворат врата на теренските попишувачи, Симовски не даде конкретна бројка, но рече дека тоа се изразува во промили, а не и во проценти.