×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повратoт на ДДВ ќе се зголеми од 1.800 на 2.100 денари

    10.01.2023 14:06 | KumanovoNews

    Од оваа година повратот на данокот на додадена вредност  (ДДВ) од фискалните сметки  од 1.800 денари ќе се зголеми на 2.100 денари.  Предлог-законското решение е во собраниска процедура и ставено е како шеста точка на денешната 99. пленарна седница. Законот се носи по скратена постапка.

    Повратoт  на ДДВ  ќе се зголеми од 1.800  на 2.100 денари

    Право на поврат на ДДВ има секој граѓанин со навршени 15 години , поседува валиден документ за идентификација издаден од надлежен орган на РСМ ( лична карта или патна исправа ),се јавува како регистриран корисник на системот за електронска пресметка за приход и данок  ( е-персонален данок) на Управата за јавни приходи и поседува трансакциска сметка кај носител на платен промет во РСМ.

    Правото на враќање на ДДВ се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

    На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27 декември 2022 година го утврди текстот на Предлог-законот со кој се зголемува максималниот износ на поврат на ДДВ што може да го добие едно физичко лице со скенирање на фискални сметки за едно тримесечје.