Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пратениците во Собранието вчера по скратена постапка ги изгласа измените на Законот за данок на додадена вредност, со кои данокот на електричната енергија за домаќинствата се намалува од 18 проценти на пет отсто до 30 јуни 2022 година.
Со овие измени, од 1 јули 2022 година до 30 јуни 2023 година данокот на струја за домаќинствата ќе изнесува 10 отсто, а потоа ќе се врати на 18 отсто.
Владата ги предложи овие законски измени за да се амортизира поскапувањето на електричната енергија, откако Регулаторната комисија за енергетика на крајот на минатиот месец донесе одлука таа да поскапи за 12,36 отсто.