Повеќе населени места и улици во Куманово и регионот ќе останат без струја денеска и во наредните денови
Поради планирани прекини за реконструкција и интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска и во наредните денови без електрична енергија ќе останата повеќе населени места и улици во Куманово и околните општини.
Прекините ќе се реализираат од 23 ноември до 3 декември, во различни временски периоди.
Според најавата на ЕВН, денеска, понеделник, од 09 до 11 часот, прекин ќе има во селото Опае, во општина Липково. Од 09 до 14 часот, дел од улиците „11-ти Ноември“ и „Никола Вапцаров“ во Куманово, поради реконструкција на нисконапонска мрежа. Од 09 до 12 часот, местото викано Ореов Лад, улицата „Питу Гули“ и дел од улицата „Иво Лола Рибар“, кај објектите спроти „Сетек“.
Утре, вторник, од 08 до 15 часот, селата Табановце, Воиновиќ, Сопот и воените објекти во селото Четирце. Од 08 до 14.30 часот, Долно Коњаре, Горно Коњаре, Речица, Табановце, Граничниот премин Табановце, Сопот, Воиновиќ и дел од улицата „Никола Тесла“. Од 08.45 до 14.45 часот, населбата Бедиње, улиците „Трајко Јовановски“ и „11-ти Ноември“.
Среда, 25 ноември, од 06.30 до 15 часот, улиците „Бранко Богдановски Гуцман“, „Теофон Економов“, „Вараждинска“, „Горно Милановачка“, дел од месноста Трговски и дел од булеварот „3-та Македонска ударна бригада“. Од 08 до 15 часот, дел од селото Младо Нагоричане, кај млинот „Моша Мел“, во општина Старо Нагоричане. Од 08.15 до 15.30 часот, дел од булеварот „3-та Македонска ударна бригада“, односно објектите спроти бензинската пумпа „Лукоил“. Од 08.45 до 14.45 часот, населбата Бедиње, улиците „Трајко Јовановски“ и „11-ти Ноември“. Од 09.15 до 14 часот, компанијата „Тушевски“ на улицата „11-ти Октомври“, поради реконструкција на нисконапонска мрежа.
Четврток, 26 ноември, oд 06.30 до 15 часот, дел од улицата „Иво Лола Рибар“, дел од улицата „Партизанска“, дел од улицата „Климент Охридски“, плоштадот „Маршал Тито“ и Стопанска банка. Од 09 до 12.30 часот, дел од селото Отља, во општина Липково.
Петок, 27 ноември, од 08.45 до 14.45 часот, населбата Бедиње, улиците „Трајко Јовановски“ и „11 Ноември“.
Понеделник, 30 ноември, од 09 до 12.30 часот, дел од селото Ваксинце, во општина Липково.
Вторник, 1 декември, од 08.30 до 13.30 часот, компанијата „Куљар“ на улицата „Козјачка“ во Доброшане, поради реконструкција на нисконапонска мрежа. Од 09 до 14 часот, репетиторот на А1 во Романовце и дел од селото од другата страна на железничката пруга.
Среда, 2 декември, од 08.30 до 13.30 часот, компанијата „Душан Млин“ во селото Скачковце, поради реконструкција на нисконапонска мрежа.
Четврток, 3 декември, од 08.45 до 13 часот, во населбата Ајдучка Чешма во Куманово, без струја ќе бидат улиците 251, 252, 253, 254, 255, 256, 258, 260, 263, 300, 304, 306 и 307.