×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промената на регистерските таблички ќе ги чини граѓаните околу 1500 денари

    03.02.2023 11:53 | KumanovoNews

    Процедурата за промена на регистерските таблички на возилата ќе чини од 1400 до 1500 денари. Во цената се вкалкулирани издавањето на новите таблички каде ознаката од „МК“ е сменета во „НМК“ и нова сообраќајна дозвола.

    Промената на регистерските таблички ќе ги чини граѓаните околу 1500 денари

    Обврската мора да се заврши до 12.02.2024 година а граѓаните тоа ќе мора дополнително да го платат од свој џеб.

    „Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблички во овластени станици за технички преглед каде што врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на регистарски таблички и од страна на референтот на МВР се издаваат нова сообраќајна дозвола и нови регистарски таблички на трошок на сопственикот на возилото. Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблички е од 1 200 до 1 300 денари, во зависност од обликот на регистарската таблица“, соопштуваат од МВР.

    Од јуни 2019 година започна издавањето на табличките со промената согласно правилникот за форма и изглед на таблиците според  Преспанскиот договор. Промената се вршеше постепено при годишната регистраци,во случај на новокупено возило или при меѓуградска купопражба кога се јавувала законска обврска за промена на регистерските таблички.