×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Работниците се заканија со штрајк ако до петок нема договор за зголемување на минималецот

    02.02.2022 19:59 | Жаклина Цветковска

    Не е постигнат договор за минимална плата од 18.000 денари на денешната седница на Економско-социјалниот совет. Иако од Владата и Министерството за труд и социјална политика велат дека социјалниот дијалог е отворен, работниците најавија штрајк доколку до петок не се постигне договор за зголемување на минималната плата.

    Работниците се заканија со штрајк ако до петок нема договор за зголемување на минималецот

    „Унапредувањето на статусот на работникот е наш приоритет, особено во време на економско-енергетска криза на глобално ниво, од која не сме поштедени ниту ние како држава. Затоа, го отвораме дијалогот, за да најдеме заедничко решение кое ќе одговори на предизвиците со кои сме соочени,“ рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

    Заменик претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, пак, истакна дека само преку дијалог и отворени дискусии  со  социјалните  партнери ќе се дојде до најдоброто и најодржливо долгорочно решение.

    „Зборуваме за креирање на систем, механизам којшто и наредните години ќе осигура дека минималната плата е достоинствена плата“, рече Битиќи.

    Претставниците на синдикатите и  на работодавачите изнесоа свои предлози за утврдување на минималната плата, за кои ќе се дискутира на следната закажана седница на ЕСС во петок.

    Од Сојузот на синдикати на Македонија бараат зголемување на минималната плата веднаш и спирално зголемување на сите останати плати. Доколку нивното барање не биде исполнето, најавуваат штрајк и протести.​