×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    СПЦ ја одобри автокефалноста на МПЦ-ОА

    24.05.2022 22:40 | KumanovoNews

    Српската православна црква ја одобри афтокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, за време на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје на поглаварите на двете цркви, патријархот Порфиријe и архиепископот Стефан.

    СПЦ ја одобри автокефалноста на МПЦ-ОА Фото: Мери Георгиевска

    Патријархот Порфиријe упати томос за афтокефалност на МПЦ-ОА до Вселенската патријаршија, која сега само формално треба да ја потврди афтокефалноста на МПЦ-ОА, откако на 9 мај веќе ја прогласи МПЦ-ОА за канонска црква.

    „Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА“, кажа српскиот патријарх Порфиријe, додавајќи дека остануваат да се разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт.

    „Потоа ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот канонски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА“, вели патријархот Порфиријe.

    Од возобновувањето во 1967 година, МПЦ-ОА беше меѓународно изолирана и непризнаена од православниот свет.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk