×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Специјалниот претставник на Обединетото Кралство Стјуарт Пич во дводневна посета на Македонија

    31.01.2022 08:28 | Сузана Николиќ

    Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Република Северна Македонија.

    Специјалниот претставник на Обединетото Кралство Стјуарт Пич во дводневна посета на Македонија

    „За време на посетата, Стјуарт Пич ќе има можност да се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, членовите на опозицијата и младите со кои ќе разговара за начините на идното продлабочување на веќе воспоставените силни билатерални односи помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, каде ќе ја повтори силната посветеност на Обединетото Кралство на евроатлантската интеграција на Западен Балкан и ќе ја потврди посветеноста на Обединетото Кралство на зајакнувањето на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето со криминалот и корупцијата“, соопштуваат од Британската амбасада во Скопје.

    Сер Стјуарт Пич има долгогодишно искуство во регионот, како поранешен началник на Генералштабот на Обединетото Кралство и претседател на Воениот комитет на НАТО, како и од периодот кога служел како Командант на воздухопловните сили на КФОР (НАТО) во Косово. За Специјален претставник на премиерот за Западен Балкан беше назначен во декември 2021 година, што значи дека ова е негова прва официјална посета на Северна Македонија во оваа улога.

    Како Специјален претставник на премиерот, Сер Стјуарт ќе работи со лидерите од Западен Балкан, и другите претставници од регионот и сојузниците од САД и Европа во поддршка и зајакнување на регионалната стабилност. Неговата работа, исто така, ќе вклучи промовирање на силни демократски институции и отворени општества, преку поддршка во справувањето со сериозниот и организиран криминал и другите заеднички безбедносни предизвици.

    „Ова е дел од мисијата на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство за создавање на глобална мрежа на слобода заснована на подлабоки економски, технолошки, безбедносни и развојни врски. Како слободољубиви демократии, Обединетото Кралство ќе им помогне на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан да го одбранат и унапредат мирот, стабилноста и просперитетот во регионот“, стои во соопштуваат од Британската амбасада во Скопје.