×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    ССМ утре ќе го блокира влeзот на Скопје кај Автокоманда

    26.06.2022 22:28 | Сузана Николиќ

    Утре од 7 часот до 10 часот, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе го блокира влезот во Скопје, на раскрсницата во населбата Автокоманда на булевар Александар Македонски со 16 Македонска бригада, а ќе бидат пропуштани само возила на итна медицинска помош, полиција, армија и пожарна. 

    ССМ утре ќе го блокира влeзот на Скопје кај Автокоманда

    Протестот е продолжување на генералнот штрајк на вработение во јавниот сектор со кој се бара усогласување на платите и зголемување за 2.806 денари.

    „Пораката ќе биде јасна за пратениците кои не даваат поддршка и глас за предлог-мандманот на ССМ, зашто работниците не се задоволни од нивната продуктивност и ангажман за надминување на работничките проблеми, а на овој начин пратениците нема да можат да стигнат во Собранието за да наплатат патни трошоци, а истото важи и за владините министри кои се глуви за работниците и работничките барања во оваа криза“, соопшти ССМ и повика сите работници да им се придрушат на блокдата.

    Штрајкот на вработените во јавниот сектор почна на 22 јуни, така што од 10 до 11 часот прекинаа со работа и протестираа пред работните места, а ССМ протестираше со поставување столчињљ пред Собранието, Владата и Министерството за финансии.

    Барањата на ССМ се линеарно зголемување на сите плати во јавниот сектор за 2.806 денари, колку што во февруари беше покачена минималната плата, како и исплата на К-15 во висина од 30 до 100 проценти од платата од наредната година. Генералниот штрајк, го најавија како одговор на одбивањето на Владата да ги прифати нивните барања, а потребата од покачувањето на платите меѓу другото ја правдаат со кризата и поскапувањата.

    Штрајкот прекина во Битола и Тетово откако градоначалниците одобрија зголемување на платите за 2.800 денари за сите во општинскиот јавен сектор.

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk