Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска возачите на автомобилите во централното градско подрачје најдоа летоци и флаери со кои се потсетуваат да го врзуваат сигурносниот појас кога се возат во патничко возило.
Кампањата е на Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот и на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи, под мотото „Сигурносниот појас спасува животи“ - „Не вреди ризикот“.
„Потсетуваме дека појасот е наменет за лична сигурност и заштита и на возачот и на патниците и може да влијае какви последици би настанале при сообраќајна незгода. Обврската за носење е и за предните и за задните седишта, и не прави разлика дали се работи за возење во град или надвор од населено место. Вклучувањето на воздушни перничиња зависи дали е ставен сигурносниот појас. Инаку за оние кои не го користат можат да следат санкции, без разлика дали возат или седат на некое од седиштата за патници“, порачуваат организаторите на камапањата.