×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата ги замрзна цените на доматите, краставиците, кромидот и други видови на зеленчук и овошје

    03.04.2023 14:24 | KumanovoNews

    Владата денеска донесе одлука со која се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зеленчук, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција.

    Владата ги замрзна цените на доматите, краставиците, кромидот и други видови на зеленчук и овошје

    Со одлуката се опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот, а ќе важи од 5 април до крајот на месецов.

    „Почнувајќи од 5 април свежите домати нема да може да се продаваат повеќе од 70 денари, краставиците не повеќе од 75 денари. Највисоката цена на кромидот ќе изнесува 60 денари, за карфиолот 70 денари, пиперките 90 денари, највисока цена на гравот е утврдена 75 денари, за леќата 110 денари, бананите 70 денари, портокалите 55 денари, мандарините 60 денари и лимонот  55 денари“, кажа министерот Бектеши.

    Како што појасни министерот согласно анализите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и Царинската управа утврдено е дека кај некои трговци за овошјето и зеленчукот утврдени се маржи кои за жал достигнувале во текот на март до 200 и 250%.

    „Ги уверувам граѓаните дека согласно сите анализи, цените, посебно на прехранбените производи и енергенсите, целосно се стабилизирани и имаат надолен тренд, на намалување“, кажа министерот Бектеши.

    Министерот Бектеши ги повика сите трговци да ја почитуваат и да ја спроведуваат одлуката која ќе важи до крајот на месецот.

    Претходно, Владата ги замрзна цените на лебот, тестенините, млекото и јајцата.