×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во октомври и ноември во земјава згаснале 707 компании, во Куманово 48

    14.12.2022 11:06 | KumanovoNews

    Во октомври и во ноември годинава, клуч на врата ставиле 707 компании, покажуваат податоците на БизнисМрежа.мк.  Споредбата со истите месеци од минатата година покажува дека деловната битка ја загубиле повеќе правни субјекти.

    Во октомври и ноември во земјава згаснале 707 компании, во Куманово 48

    Имено, во октомври и во ноември лани, клуч на врата ставиле 634 фирми.Така, годинешниов биланс за претходниве два месеца покажува раст на згаснати компании од 11,5 %, пренесува порталот Пари.мк.

    Ако затворањето на компаниите е сликовит начин за покажување на деловниот амбиент, тогаш овие податоци покажуваат влошување на состојбата во октомври годинава, кога се затвориле 339 правни субјекти, за разлика од истиот месец лани, кога се затвориле 264. Но, веќе во ноември има речиси ист број на згаснати компании како и ланскиот ноември. Имено, претходниов месец биле затворени 368 компании, а ланскиот ноември клуч на врата ставиле 370 компании.

    ВО КОИ 5 ГРАДОВИ НАЈМНОГУ СЕ ЗАТВОРАЛЕ ФИРМИ?

    Податоците покажуваат и дека во првите 5 градови по затворени фирми, затворени се 328 правни субјекти, а тоа е речиси половина од вкупниот број на затворени фирми во овој период во однос на сите 58 анализирани општини или градови. Само во Скопје, пак, затворени се 161 фирма, што е 23 % од вкупно затворените 707 компании во овој период.

    Ако, пак, се спореди со лани, податоците покажуваат дека има извесна измена во однос на градовите во кои има најмногу затворени фирми. Сосема е извесно дека тој примат секогаш ќе го има Скопје, како град во кој и најмногу се одвива деловната активност, па таму најмногу и се отвораат и се затвораат фирми. На ова листа обично секогаш се и Битола, Куманово и Тетово. Но, за разлика од годинава, кога во првата петорка е Гостивар, лани меѓу првите 5 града со најмногу згаснати фирми го нема овој град, а тогаш ги имало Струмица и Прилеп. Всушност, Прилеп ја дели втората неславна позиција со Битола.

    ТРГОВСКИТЕ ФИРМИ И ЛАНИ И ГОДИНАВА СЕ ЗАТВОРААТ НАЈМНОГУ

    Анализата по сектори покажува дека и лани и годинава најмногу фирми се затвориле во трговијата. Лани во периодот октомври ‒ ноември биле згаснати 145 фирми, а годинава 189.

    На второ место годинава е преработувачката индустрија, со 108 згаснати фирми, додека лани биле згаснати 85 вакви фирми, со што овој сектор бил на третото место, а пред него повеќе затворања имало во секторот Други услужни дејности.

    Во секторот Други услужни дејности годинава се згаснати 99 фирми, а лани биле згаснати 97.

    Во октомви и во ноември годинава, од бизнис-заедницата „исчезнале“ 65 градежни фирми (четврто место), а лани 36 (петто место).

    Петтата дејност каде годинава најмногу, во октомври и во ноември, имало затворање на фирмите бил секторот Сместување и сервисирање. Во овој сектор веќе нема 58 фирми, а лани таму имало повеќе згаснувања ‒ деловната битка ја загубиле 66 фирми (четврто место).

    Како што може да се забележи од податоците, петте дејности каде што имало најмногу затворање се исти и годинава и лани, но има разлики во однос на позиционирањето.

    Последните статистички податоци за индустриското производство, покажуваат дека во октомври годинава, во однос на ланскиот октомври, тоа е намалено за 5,3 %, а бројот на вработените во индустријата е намален за 0,4 %. Она што е особено загрижувачко е намалената ликвидност на глобално и на национално ниво, со влошена наплата на побарувања. Ова се индикатори кои ќе влијаат врз натамошниот тренд на затворања на фирми, што Пари редовно го следи.

    2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk