×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановецот Зоран Маневски меѓу новоизбраните заменици-министри во Владата на Ковачевски

    11.02.2022 07:36 | Сузана Николиќ

    Зоран Маневски од НСПД е нов заменик-министер за Министерството за економија. Тој е избран на функцијата синоќа заедно со останатите замениците-министри во Владата на Република Северна Македонија, предложени од премиерот Димитар Ковачевски.

    Кумановецот Зоран Маневски меѓу новоизбраните заменици-министри во Владата на Ковачевски

    За заменици министри, со мнозинство гласови во Парламентот се избрани: Башким Хасани, за заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, Назим Буши за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи, Агим Нухиу за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда, Џабир Доко за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмире Исаки за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи, Филип Николоски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии, Зоран Маневски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија, Абдулшуќур Абедини за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владимир Рендевски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство, Лулзим Алиу за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука, Зоран Димитровски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа, Даим Лучи за заменик на министерката која раководи со Министерството за култура, Александар Бајдевски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, Беким Реџепи за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и Христина Оџаклиевска за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Премиерот Ковачевски, во обраќањето порача дека најважно од сѐ е да се работи искрено, посветено, стручно и ефикасно.

    „Таква методологија, атмосфера, контрола и одговорност побарав и нема да отстапам, за сите врвни владини позиции и за министрите и за идните заменици-министерки и министри. На оваа позиција се нафатив, предложив министри и заменици-министри за да работиме и спроведуваме, за да покажеме резултати и граѓаните да ги ползуваат нашите решенија. Имаме план, со рокови, обврски, носители на задачи и начин за мерења на ефектите врз квалитетот на животот на граѓаните. Нашиот пристап е јасен, искрен и мерлив. Сите работи, минати, сегашни и идни јасно ги соопштувам на јавноста и зад нив стојам, бидејќи личниот образ, одговорноста и системот на вредности за мене се врвни критериуми и така барам, како и јас, да се однесуваат и останатите“, рече премиерот Ковачевски.