Повик до граѓаните: Споделете го вашето искуство за работничките права

28.06.2021 15:14 | KumanovoNews

Почитувањето на правата на работниците е еднo од базичните вредности во секое демократско општество. Обезбедувањето на квалитени услови за работа е обврска на секоја државна и приватна компанија.

Повик до граѓаните: Споделете го вашето искуство за работничките права

Но, сведоци сме дека работодавачите  често ги злоупотребуваат и прекршуваат овие права, а државата не се справува соодветно  за да ги заштити работниците. Во недостиг на синдикално организирање и изгубена доверба во инспекциските служби, работниците најчесто не ги пријавуваат аномалиите во работните колективи. Со цел да дадеме видливост на проблемите и да поттикнеме решавање на некои од нив го направивме овој прашалник.

Доколку сте работник во некоја од фабриките или компаниите од Североисточниот регион и сакате да го споделите искуство за условите на работа и прекршување на работничките права, одговорите на нашите прашања.

Анонимноста е загарантирана и ништо нема да биде објавено без ваша дозвола.

 

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk