×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Манипулација е тврдењето дека коронавирусот е креиран со сегменти од ХИВ

    21.02.2022 13:51 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Овие протеини не се единствени за коронавирусот и се вообичаен извор на вируси кај огромен број заболувања предизвикани од различни причини. По генетска анализа, користејќи подетална база на кодови за генетско секвенционирање, научниците откриле не само сличности помеѓу ковид-19 и ХИВ, туку и најмалку 100 идентични или многу слични кодови во гените од цицачите, инсекти, бактерии и во голем број вируси предизвикани од различни причини, пишува „Хелт деск“

    Манипулација е тврдењето дека коронавирусот е креиран со сегменти од ХИВ Фото: pixabay.com

    Фејсбук објава шпекулативно го поврзува коронавирусот со ХИВ вирусот, тврдења кои се неточни и побиени од научната заедница.

    Знаете дека во 2020 рекоа САРС КОВ2 има внатре елементи на ХИВ, пишува во објавата на Фејсбук.

    Во објавата се тврди дека во коронавирусот има елементи на ХИВ и притоа е линкуван медиумски напис од 2014 година во кој се вели дека меѓу патниците што загинаа при падот на малезискиот авион имало и експерти за ХИВ/СИДА. Иако едното со другото нема никаква врска, бидејќи коронавирусот кој предизвикува ковид-19 се појави цели шест години по падот на авионот, се уште се влечат паралели помеѓу овие два вируса, нешто што одамна е побиено од научната заедница.

    Тврдењата дека коронавирусот и ХИВ вирусот се поврзани датираат уште од февруари 2020 година, но набрзо потоа се дебанкирани. Теоријата се базира на прелиминарен научен труд поставен на веб-страницата bioRxiv каде што научниците можат да ги претстават своите завршени или речиси завршени студии пред истите да добијат рецензија од други научници. Студијата со потекло од Индија, е насловена како „Необјаснива сличност на уникатните инсерти во шилестиот протеин на 2019-nCoV со ХИВ-1“.

    По направена анализа на повеќекратни, мали секвенци на протеини во новиот коронавирус, во трудот се вели дека коронавирусот можеби ги добил овие секвенци од ХИВ.

    Авторите на студијата велат дека специфичниот коронавирус има четири мали секвенци во својот генетски код кои ги нема во други слични коронавируси како САРС. Според авторите, овие секвенци имаат одредена сличност со делови од секвенци кои се наоѓаат и кај ХИВ вирусот.

    Авторите тогаш шпекулираа дека можеби ова не е случајно и дека можеби деловите од генетскиот код биле ставени таму намерно. За оаа теоријата на заговор се осврна и научник од Институтот за вирологија во Вухан при кинеската Академија на науките, која ги отфрли тврдењата.

    Пошироката научна заедница, по објавувањето на трудот, не само што изрази загриженост за овие шпекулации, туку започна и со анализи со цел двојно да се проверат резултатите.

    Во суштина, научниците навистина откриле дека има одредени додатоци во коронавирусот со потекло од Вухан што ги нема кај другите коронавируси, кои се слични на делови од низата пронајдени во ХИВ. Но, најважното е што овие парчиња генетски код се наоѓаат и во безброј други вируси и нема причина да се верува дека тие конкретно потекнуваат од ХИВ. Овие протеинските секвенци на ДНК споменати во студијата „се наоѓаат во многу различни организми, вклучувајќи ги и оние што предизвикуваат маларија“.

    Овие протеини не се единствени за коронавирусот и се вообичаен извор на вируси кај огромен број заболувања предизвикани од различни причини. По генетска анализа, користејќи подетална база на кодови за генетско секвенционирање, научниците откриле не само сличности помеѓу ковид-19 и ХИВ, туку и најмалку 100 идентични или многу слични кодови во гените од цицачите, инсекти, бактерии и во голем број вируси предизвикани од различни причини, пишува „Хелт деск“.

    „Авторите споредувале многу мали региони на протеини од коронавирусот и заклучиле дека мали сегменти од тие протеини биле слични со сегменти на ХИВ протеини. Споредување на многу кратки сегменти често може да генерира лажно потврдни резултати и тешко е да се дадат вакви заклучоци со употреба на мали сегменти од протеинот“, објаснува за „Форбс“ Аринџај Банерџи, постдокторски соработник по вирусологија на Универзитетот МекМастер во Онтарио, Канада, кој опширно го проучувал коронавирусот.

    Оваа студија подоцна била повлечена од bioRxiv, при што еден од авторите изјавил:

    Не ни беше намера да ги нахраниме теориите на заговор и тука нема такви тврдења. 

    Авторот понатаму изјавува дека истражувачите ќе го ревидираат трудот и ќе ги реанализираат податоците пред повторно да го поднесат.

    Во Фејсбук објавата исто така се тврди дека некои држави имаат бесплатни тестови за ХИВ од јануари 2022 година, како тоа да е тоа нешто ново и невообичаено. И ова претставува манипулација, затоа што досега години наназад во голем број држави тестирањето за ХИВ е бесплатно, особено за ранливи категории лица. И не само во светот, туку и кај нас имало бесплатни тестирања за ХИВ уште одамна и тоа не е ништо ново.

    Оттаму, паралелата што се повлекува помеѓу коронавирусот и ХИВ вирусот е неоснована, базирана на шпекулативна студија и веќе е дебанкирана од научната заедница. Овие вируси се сосема различни, како по начинот на заразување, така и по симптомите и последиците што ги оставаат кај инфицираните лица.

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk