×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Нобеловецот Монтање не открил, туку само се сомневал дека коронавирусот потекнува од лабораторија

    23.02.2022 08:52 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Точно е дека Монтање во април 2020 година изразил сомневање дека коронавирусот протекол од лабораторија. Но, претпоставка и откритие не е исто. Да претпоставува некој дека коронавирусот протекол од лабораторија не може да биде исто со тоа дека некој го открил истото. Американски разузнавачи во својот извештај за потеклото на коронавирусот тврдат дека светот можеби никогаш нема да може да го утврди точното потекло на ковид-19

    Нобеловецот Монтање не открил, туку само се сомневал дека коронавирусот потекнува од лабораторија Фото: pixabay.com

    Рецензираме пост на Фејсбук кој преку кликбејт наслов шири дезинформации со цел да привлече што е можно повеќе кликнувања на објавата.

    Постот споделува напис со наслов „Почина Лук Монтање беловецот кој откри дека Ковид е направен во лабораторија“. Но, наспроти насловот, во кој се тврди дека нобеловецот Монтање, кој инаку го откри вирусот ХИВ, открил и дека вирусот ковид бил направен во лабораторија, во написот никаде не може да се најде такво нешто.

    Написот само ја пренесува веста за смртта на 89-годишниот добитник на Нобелова награда како и изјавата на негов близок соработник дека тој го напуштил овој свет „во мир и опкружен со своите деца“.

    Лук Монтање е научникот кој обезбеди неоспорни докази за невиноста на бугарските медицински лица во Либија.Тој сведочеше пред либискиот суд во одбрана на бугарските медицински лица осудени од режимот на Моамер Гадафи за заразување на 400 деца со СИДА. Според него, инфекцијата во детската болница во Бенгази се проширила пред бугарските медицински лица да почнат да работат таму, а продолжила и по нивното задржување, се вели понатаму во написот.

    Нема ниту збор за она што е напишано во насловот дека Монтање открил дека ковид бил направен во лабораторија.

    Точно е дека Монтање во април 2020 година изразил сомневање дека коронавирусот протекол од лабораторија. Тој, како што рече во изјава за „Вечерње новости“, претпоставувал дека се случила грешка кога научниците трагале по вакцина за вирусот на СИДА.

    Се тргнало од познат вирус кај лилјаците, на кој се интервенирало за да се „хуманизира“. Во тој момент веројатно се случила грешка или се протекло од лабораторија. Добиле нешто спротивно од она што го барале, рекол Монтање.

    На парашање на весникот, по што трагале научниците кога дошло до грешка, Монтање изјавил:

    „Тоа не знам. Можеби вакцина. Не против корона, туку против СИДА“.

    Претпоставка и откритие не е исто. Да претпоставува некој дека коронавирусот протекол од лабораторија не може да биде исто со тоа дека некој открил дека вирусот потекнува од лабораторија. Во постот што го рецензираме, се посочува дека Монтање открил дека ковид потекнува од лабораторија. Но, Монтење за тоа немал ниту докази ниту факти за некакво откритие, туку само претпоставки. Оттука и не може да се тврди дека тој открил такво нешто.

    Повеќето експерти сметаат дека е многу неверојатно да се работи за вештачки создаден САРС КоВ-2 во лабораторијата во Вухан. Сепак, постои теоријата дека кинески научници експериментирале со опасни коронавируси, како РаТГ13 или РмИН02, и дека САРС КоВ-2 излегол од лабораторија несвесно и ненамерно, нешто што кинеските  власти категорично го демантираат. Во последната проценка за потеклото на вирусот, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ODNI) наведува дека постои еднаква веројатност вирусот да преминал од животно на човек и да „истекол“ од лабораторија. Но, нема доволно информации за да се донесе конечен заклучок. Кинеските власти го критикуваа овој извештај.

    И американски разузнавачи во својот извештај за потеклото на коронавирусот тврдат дека светот можеби никогаш нема да може да го утврди точното потекло на ковид-19.

    Од сето ова можеме да заклучиме дека Монтање не открил дека коронавирусот потекнува од лабораторија. Тој само го претпоставувал тоа. Ваквото тврдење изнесено во насловот, никаде не се спомнува ноту пак е образложено и поткрепено во текстот.

    Според тоа, постот што го рецензираме, го оценуваме како невистинит.

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk