×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Делта варијантата е позаразна, може да стане доминатна, но вакцините штитат од тешки форми на болеста

    Делта варијантата е позаразна, може да стане доминатна, но вакцините штитат од тешки форми на болеста

    Медицински експерти во повеќе наврати се изјаснија дека вакцините немаат магнетизирачко дејство и немаат магнетизирачки компоненти. Предмети на раката може да се залепат поради фрикција (триење), лепило, селотејп, природната пот на кожата на раката, но не и поради вакцинација. Истите луѓе кои можат да залепат магнетни предмети на нивните тела може да залепат и немагнетни предмети со истата леснотија. Наводните магнетски моќи исчезнуваат ако им се прекрие кожата со пудра

    Нема да има никаков отстрел на невакцинираните со вакцинална муниција

    Нема да има никаков отстрел на невакцинираните со вакцинална муниција

    Невистинито е тврдењето изнесено во постот што го рецензираме, дека е можен вакцинален отстрел на граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат преку „безопасни куршуми“ на чиј врв ќе има ампула за имунизација. Техника за имунизација како гореспоменатата не постои никаде во светот

    Фотографија од прославата за светски шампион во фудбал, претставена како протест во Париз против мерките на Макрон

    Фотографија од прославата за светски шампион во фудбал, претставена како протест во Париз против мерките на Макрон

    Постот свесно манипулира со јавноста доведувајќи ја во заблуда преку лажно претставување на фотографија од прославата во Париз по победата на француската репрезентација во финалето на Светското првенство 2018 година против Хрватска. На тој начин намерно дезинформира за протестите кои се одржаа во Париз на 17 јули годинава против мерките на Макрон

    Вакцините со кои се врши теренска вакцинација се на Синовак и не треба да се чуваат на минус 75 степени

    Вакцините со кои се врши теренска вакцинација се на Синовак и не треба да се чуваат на минус 75 степени

    Теренската вакцинација засега се одвива само со „Синовак “ и тоа во претходно наполнети шприцови. И, наспроти она што се сугерира во постот што го рецензираме, оваа вакцина воопшто не се чува на минус 75 степени

    Камуфлиран сарказам може да ги одврати луѓето од вакцините против ковид

    Камуфлиран сарказам може да ги одврати луѓето од вакцините против ковид

    Хуморот и сатирата се форми на комуникација кои спаѓаат во општо-човечкото универзално право на слобода на говор. Сепак, прикриениот сарказам и претставен како сатира, кој не секогаш се разбира како таков, туку се сфаќа како порака дека се прави нешто незаконски и лошо (во случајот теренска вакцинација против ковид), не е ништо друго туку антиваксерски пост насочен против јавното здравје

    Вакцината против ковид-19 не е генетска терапија

    Вакцината против ковид-19 не е генетска терапија

    Ковид-19 вакцините не се генетска терапија затоа што не се дизајнирани на ниеден начин да ги променат вашите гени. Генската терапија вклучува правење на намерни промени во ДНК на пациентот за да се излекува генетска состојба. мРНК од вакцината не влегува во нуклеусот на клетката и воопшто нема интеракција со ДНК, така што не претставува генетска терапија. Центарот за контрола и превенција на болести на САД официјално потврдува дека вакцината против ковид не влегува во интеракција со нашата ДНК на каков било начин. Исто така, во постот не е наведено дека вакцината за децата нема да биде задолжителна. Родителите се тие кои одлучуваат дали ќе ги вакцинираат децата против ковид -19, или не

    ,,Долг ковид” е реалност, а не измислица

    ,,Долг ковид” е реалност, а не измислица

    Состојбата „долг ковид“ не е еквивалент ниту на замор, ниту на кивавица, туку претставува официјално признаена и навистина тешка долгорочна последица од коронавирусот. Некои пациенти како последица на ковид-19 доживуваат инфаркти и мозочни удари, други имаат проблеми со белите дробови, а трети се жалат на опаѓање на косата.

    Не е вистина дека Делта сојот „опасно“ се шири во Грција

    Не е вистина дека Делта сојот „опасно“ се шири во Грција

    Иако се очекува Делта сојот да стане доминантен, затоа што оваа варијанта е позаразна, сепак тоа сè уште не се случува и нема никаква потреба предвреме и со неточни податоци да се прави паника и да се подгрева страв како во медиумите, така и на социјалните мрежи. Вистината е дека Делта сојот, односно варијантата на вирусот којашто првпат е откриена во Индија, ниту опасно се шири, ниту бројките на заболени се високи за да се извлече таков заклучок во насловот на текстот што се споделува на Фејсбук.

    Вакцината против ковид-19 не содржи крв од деца

    Вакцината против ковид-19 не содржи крв од деца

    Неточно е тврдењето во постот дека изумителите на вакцините признале оти составен дел на вакцините е крвта од деца. Не навлегувајќи во религиозните аспекти на постот, ниту, пак, во верските чувства, фактичките медицински информации од науката негираат постоење на крв или крвни продукти во вакцините, ниту од возрасни, ниту од деца. Како невистинити ги оценуваме и наводите дека вакцинацијата е задолжителна.

    Редица дезинформации за корона вирусот и антиваксерство без ниту еден аргумент

    Редица дезинформации за корона вирусот и антиваксерство без ниту еден аргумент

    Не им верувајте на политичарите, на медиумите на лекарите… Сите лажат и се глобалистички слуги. Вирусот е безопасен зашто во земјава населението има стекнато природен имунитет и затоа не се вакцинирајте… Ова е сублимат од дезинформациите што се објавени во пост на Фејсбук.

    Вакцинираните наставници нема да ги „контаминираат“ учениците

    Вакцинираните наставници нема да ги „контаминираат“ учениците

    Вакцинацијата за децата не е задолжителна, туку опциона, а вакцинираните наставници не можат да ги загрозат нивните ученици, односно да ги контаминираат, како што се тврди во постот, ниту на друг начин некому негативно да му повлијаат на здравјето. Спајк протеинот што се создава по вакцинацијата не е ист со тој на коронавирусот и е во 100 илјади пати помала количина од онаа што е потребна да предизвика штета.