×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Алтернативни паркинг простори за решавање на сообраќајниот метеж во Крива Паланка

    06.07.2022 11:05 | Жаклина Цветковска

    Кејот на Крива Река  е искористен за обезбедување на алтернативен паркинг простор во функција на намалување на сообраќајниот метеж во Крива Паланка. Паралелно со изградбата  на мајор коритото на реката и хортикултурното уредување , дел од овој простор е искористен и за функционално приспособување за намалување на сообраќајната преоптовареност  во градот. 

    Алтернативни паркинг простори за решавање на сообраќајниот метеж во Крива Паланка

    Алтернативните простори се наоѓаат на две локации: едната е непосредно до Градскиот зелен пазар и центарот на градот, а другата локација до Автобуската станица и сточниот пазар.

    „Крива Паланка добива  алтернативни  паркинг простори во  градот, погодни за извршување на секојдневните обврски.Едниот паркинг е на една минута од центарот на градот, а вториот е погоден  за сите кои рано наутро патуваат на работа и имаат потреба возилата да ги остават  на подолг временски период од денот“, посочува градоначалникот Сашко Митовски.

    Истовремено, општина Крива Паланка изработува и основен сообраќаен проект за справување со сообраќајниот метеж во градското подрачје и непречен проток на возила и пешаци.