×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Aвантуристичкиот караван на пежо 205 “Еurop’Raid 2023” утре во Крива Паланка

    09.08.2023 13:04 | Жаклина Цветковска

    Околу 700 учесници на 8-то издание на караванската авантуристичката рута „Еуроп Раид“ (Еurop’Raid 2023) од Франција, утре ќе пристигнат со   над 200 возила  пежо 205 и ќе престојуваат во Крива Паланка на својата обиколка низ 20 земји во Европа , која трае од 29 јули до 19 август 2023 година.

    Aвантуристичкиот караван на пежо 205 “Еurop’Raid 2023” утре во Крива Паланка

    Крива Паланка по трет пат ќе биде домаќин на младите авантурусти  во нашата земја. По тој  повод, во училишниот двор на ООУ „ Св. Јоаким Крчовски“ ќе се одржи франкофонски музички хепенинг, а на Градскиот стадион  ќе биде  организирана  културно-уметничка програма за гостите од Франција.

    Младите авантуристи  на тркала со пежо 205  се запознаваат со природните убавини, културата, традицијата и кулинарството на 20 европски земји, а  организацијата „Еуроп Раид“ , во духот на меѓународната солидарност,  носи училишна и спортска опрема што ја донира на училишта од Балканот, поточно од  Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и Македонија..

    Поминувајќи 8.000 километри за 22 дена, секоја екипа има мисија да обезбеди 70 килограми училишна или спортска опрема: училишни ранци, прибор, тетратки, топки, друштвени игри, сликовници и книги на француски јазик, спортска облека, обувки, наменети за младите франкофони со цел да ги поттикнат и мотивираат да го изучуваат францускиот јазик.

     “Еуроп Раид”, во соработка со Амбасадата на Франција, ја одбраа Крива Паланка за македонски град-домаќин поради добро познатите активности во областа на франкофонијата. На настанот ќе присуствува делегација од Амбасадата на Франција, од Францускиот институт, Скопје и повеќе франкофонски здруженија и организации.