Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бугарија одлучила да ги повлече средствата предвидени за реконструкција на железничката пруга од Софија до Ѓуешево.
Министер за транспoрт Александар Николоски, кажа дека нашата земја не се откажува од изградбата на пругата, бидејќи тоа е многу значаен коридор за регионот и за НАТО.
“Ние остануваме силно посветени на железничкиот коридор 8 . Во овој момент активно се работи на втората секција во должина од 34 километри која оди од Бељаковце до Крива Паланка. Во месец јануари ја пуштивме во функција првата секција од Куманово до Бељаковце и остануваме посветени на дијалог со Бугарија со цел изнаоѓање на заедничко прифатливо техничко решение во однос на тунел кој што треба да ги спојува двете држави и изградбата на третата секција затоа што сметаме дека Коридор 8 е исклучително значаен не само за Македонија туку за целиот регион и за цела Европа. Тоа е НАТО коридор, тој е втор најзначен коридор значаен за НАТО и нашата посветеност останува“, кажа Николовски.
Тој додаде дека испратиле писма до Европската делегација, до Европската транспортна зедница, но исто така и до двете банки ЕИБ и ЕБРД имајќи предвид дека Македонија има потпишано договори за кредит за коридор 8 во висниа од 350 милиони евра и за истите доколку не се користат треба да плаќа резервации, а во овој случај не би се користеле не поради наша вина.
Коридорот 8 е национален приоритет за Бугарија информира бугарското Министерство за транспорт и врски и нагласува дека „не ја одложило изградбата на пругата кон Република Северна Македонија“.