Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младите од Крива Паланка се запознаа со основите на џезот и џез композициите на работилница што ја водеа истакнатите македонски џез музичари.
Работилницата беше интерактивна и едукативна, а повеќето од младите за првпат во живо слушаа џез музика и имаа можност да се запознаат со музичките инструменти.
Целта е да се зголеми свеста кај младата генерација за современите музички текови и да се поттикне нивниот интерес за вредностите на музичката култура, наспроти шундот и турбо фолкот кои се повече навлегуваат во музичкиот свет на младите.
Промоџијата на џез културата беше надополнета со целовечерен концерт на џез составот Гордан Спасовски квинтет и солистот Џон Илија Апелгрен.
Настаните беа организирани во рамки на проектот „Џез лектира“ на Центарот за аудиовизулни уметности од Крива Паланка, со поддршка на Министерството за култура.