Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
И покрај сите проблеми што ги наследивме од претходната Влада, ќе ги употребиме сите расположливи ресурси и експресниот пат од Куманово преку Ранковце до Крива Паланка ќе го завршиме до крај на годината, истакна министер за транспорт Александар Николовски, при денешната посета на општина Ранковце.
Министерот заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, придружуван од градоначланикот на Ранковце како и преставници од изведувачот и надзорот, извршија увид во изградбата на експресниот пат
Куманово- Ранковце – Крива Паланка.
Експресниот пат се гради во две делници, истиот е со должина од 25,5 километри со вкупна вредност од 93,7 милиони евра.Работите се почнати 2018 година во две фази. Првиот дел е во должина од 15,5 километри и вредност од 43,2 милиони евра со реализација од 68 %, на потег Длабочица – Чатал. Вториот дел е во должина од 9 километри и тој е во вредност од 50,5 милиони евра и некаде со прогрес од 91 %.
„Овие четири недели ги искористив да ги анализарам проектите и не сум многу среќен. Има проблем со експропријација, со изведба, но тука сме да ги решаваме проблемите и ќе ги решиме. Овој експресен пат кој ја поврзува Крива Паланка преку Ранковце до Скопје, но исто така поврзува два големи центри Скопје и Софија е од огромно знаење за сите граѓани и за бизнис секторот. Затекнавме проект кој имал слаба динамика, проект кој имал многу проблеми во минатото. Но заедно со директорот на ЈПДП Коце Трајановски, посветивме и ќе посветиме силно внимание во иднина и затоа можам со задоволство да кажам дека овој експресен пат ќе бидет готов до нова година и потоа сите жители на Македонија па и на Бугарија ќе можат да го користат”, изјави министерот Николоски.