Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Europe House Крива Паланка прослави една година од своето постоење за кое стана централна точка за поврзување на младите од Североисточниот и Источниот регион и за поттикнување на многу младински инцијативи за младинските перпективи и политики.
„Изминатата година заедно организиравме многу настани, станавме централен хаб за размена на идеи и искуства за младите од регионот. Се радуваме на многуте локални и меѓународни соработки, како и на секоја нова иницијатива за следен настан“, посочија од Europe House Крива Паланка по повод прославата на првиот роденден.
По тој повод, во општина Крива Паланка престојуваше и амбасадорот на Европската унија во нашата земја, Дејвид Гир, заедно со амбасадорката на Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон и амбасадорот на Бугарија Ангел Ангелов. Евроамбасадорот Гир им врачи благодарници на младите активисти кои дадоа огромен придонес за зближување и разменување на идеи и инспиративни приказни меѓу младите од регионот.
Еврамбасадорот Гир и амбасадорите на Шведска и Бугарија се сретнаа и со градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски ,при што се разговараше за значајни прашања од повеќе општествени области, меѓу кои животната средина и економскиот развој, соработката со младите, инфраструктурата, културата и други области. Беа посетени и објектите изградени и уредени со поддршка на ЕУ фондовите.
Во рамките на прославата на Europe House Крива Паланка беше организиран и меѓуграничен пријателски кошаркарски натпревар помеѓу КК Крива Паланка и КК Софија.