Го убиле соседот заради пари па телото го запалиле, притвор за две лица од село Луке
07.04.2025 16:22
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф. (19) и З.Ф. (24), двајцата од с.Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

„На 24. март во с.Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет. Од здобиените повреди, тој починал на местото, по што му одзеле пари и телото го запалиле, додека остатоците ги закопале. Од судија на претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор“, соопшти МВР.