×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гори дабова и борова шума во Малотино и Рамно, се гасне од воздух и земја, стигна помош и од Србија

    31.07.2024 10:47 | Оливера Пешевска

    Се уште се активни пожарите во Малотино и Рамно, општина Старо Нагоричане каде гори дабова и борова шума.

    Гори дабова и борова шума во Малотино и Рамно, се гасне од воздух и земја, стигна помош и од Србија

    Пожарникарите од Старо Нагоричане имаат и воздушна поддршка со хеликоптер, на помош се екипи на „Национални шуми“. Пристигната е и екипа од 10 луѓе од Република Србија со опрема која треба да помогне во справувањето со ситуацијата и моментално се воведуваат во работата за потенцирање на кризните точки на терен.

    „Критично е, по моја оцена би требало и се надеваме дека за скоро време ќе го ставиме пожарот под контрола. Ако не успееме во тоа, не знам и не можам да предвидам како ќе се одвиваат работите. Исцрпени сме веќе, четврти ден сме на терен на високи температури под влијание на огнот, но правиме се што е во наши можности“, истакна Далибор Трајковски, командир на ТППЕ Старо Нагоричане.

    Целосно се изгаснати пожарите во К’шање и Кокошиње и моменталната ситуација во кумановско од утринава е мирна, соопштуваат од Територијалната противпожарна единица Куманово. Синоќа до 22 часот се интервенирало на пожарот во Кокошиње, по што единиците се вратиле во станицата откако завршиле со гаснење.

    „По неколкудневна борба ги изгаснавме пожарите во Кокошиње и К’шање, сега за сега е мирно, нема нови пријави и се надеваме дека така и ќе остане. Извештајот уште не е направен, немаме прецизна ориентација за точно колку хектари се работи, но станува збор за огромна површина. Секогаш е човечки фактор во прашање, а причинители се разноразни, но не би сакал да шпекулирам“, објаснува командирот Деан Илиевски, на ТППЕ Куманово.

    Покрај овие големи пожари кумановските пожарникари на два наврати интервенирале и на гаснење на две различни локации на сува трева во селото Ваксинце.

    Топлото време, ветерот и сувата вегетација се причина за разгорување на пожари на отворено на повеќе локации. Во текот на вчерашниот ден имало рекордни 54 пожари во источна Македонија, од кои 35 биле изгаснати.