Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, по повод Меѓународниот на жената „8-ми Март“, ги изненади најстарите кривопаланчанки со посета во нивните домови и букет цвеќиња.
Заедно со претставници на Црвениот крст Крива Паланка, Митовски посочи дека ова е едно поинакво одбележување на Денот на жената , преку осмомартовска дружба со највозрасните сограѓанки од општината.
„Исцртавме насмевка на лицата на баба Мара, баба Љуба и баба Милевка, со внимание, почит и желби за добар секојдневен живот во третото доба од животот. Искуствата на возрасните дами, обликувани од нивните патешествија и генерациски придобивки, се неисцрпна книга на животот од која сите учиме“, рече Митовски.