×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кратово го прославува патрониот празник „Свети Ѓорги Кратовски“

    24.02.2022 12:53 | Жаклина Цветковска

    Со повеќе општински и црковни свечености, општина Кратово денеска го прославува денот на својот патрон и заштитник „Свети Ѓорги Кратовски“.

    Кратово го прославува патрониот празник „Свети Ѓорги Кратовски“

    Ѓорѓи Кратовски е роден во Кратово. На 24 февруари 1515 година во Софија бил мачен, а потоа спален на клада на 18 годишна возрат,поради противењето да го прими исламот и посветеноста на христовата вера. Тој е единствениот маченик прогласен за светец од Кратово од страна на православната црква од XVI век.По занает бил кујунџија и останал како заштитник на златарите и кујунџиите.

    Во 1925 година, во Кратово е изградена и црква подигната во чест на овој светец, кој бил прогласен за заштитник на градот во 2002 година од страна на Советот на општината.

    По повод празникот на град Кратово се одржа литургија и литија , како и богата културно- уметничка програма.