×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Крива Паланка ќе добие нов модерен Градски плоштад

    16.03.2021 14:01 | KumanovoNews

     Нов Градски плоштад со атрактивни објекти и содржини се гради во Крива Паланка, која после цели 50-60 години ќе добие нов модерен лик на централното градско подрачје.

    Крива Паланка ќе добие нов модерен Градски плоштад

    „Реализираме крупен проект со кој комплетно ќе се смени ликот на Крива Паланка. Ова е многу функционално, модерно  архитектонско решение, кое низ сугестиите и предлозите на сите граѓани,  ќе биде нешто со што ќе се промени комплетно ликот на централното градско подрачје“, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

    Проектот „Реконструкција на Градскиот плоштад и Градски парк“ е со вкупна вредност од 662.000 евра, а се имплементира во рамки на Вториот повик за проекти финансиран со средства од ЕУ (ИПА 2), а менаџиран од Светска банка преку Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност“.

    Новиот редизајниран локалитет е во согласност со урбанистичкиот план, а предвидува целосна реконструкција на Градскиот плоштад и Градскиот парк, со отворени сцени и локации за настап на разни видови уметници и артисти. Вертикално кон кејот на реката ќе се изгради и нов амфитеатар, со капацитет од 130 гледачи, како и сцена за културни манифестации, концерти и фестивали.

    „Целиот простор ќе се уреди партерно, со додавање нови зелени површини, со фонтани, мали мобилни содржини за превентација и во функција на туризмот. Истовремено,   ќе се добијат и поголем дел простори за паркинг на повеќе локации во околината на поголемите објекти, но и покрај пристапните улици“, вели градоначалникот Мицевски.

    По краток застој заради неповолните временски прилики, во моментов градежните работи се одвиваат според планираната динамика. Подземната фекална и атмосферска мрежа е комплетно санирана и заменета, со изработка на дополнителни сливници и шахти и поставување на цевки со поголем пресек, со цел да се задоволи новата состојба и зголемениот број на корисници во овој дел на градот.

    „Токму лошата состојба на подземната инсталација и непостоење на подземен катастар, со оглед дека плоштадот бил изграден пред 50-60 години, беа и причина за краткиот застој во градежните работи. Извршено е комплетно геодетско снимање на новоизградената состојба и на сите подземни комунални инсталации, што ќе биде внесено во постоечкиот ГИС систем на општината“, велат од локалната самоуправа.

    Во наредниот период се очекува изградба на проектираните амфитеатри, новопроектираната фонтана и партерно уредување на плоштадската површина.

    Динамиката на изведба на градежни работи е во согласност со одобрениот динамички план и се очекува целиот проект да се заврши до месец јули. Оваа инвестиција е дел од проектот „Крива Паланка - Источна порта на ЕВРОПА – Туристичка фестивалска атракција“, која вклучува одржливи инвестиции во туризмот, обезбедувајќи работни места и подобрување на квалитетот на живот, подобрување на конкурентноста и иновациите во туристичкиот сектор.

    „Вложуваме во капитални проекти и во приоритетите на граѓаните, кои за навек ќе остават трага во локалната заедница. Ова е само еден од проектите што ги спроведуваме, а во иднина ќе инвестираме и во многу други, со цел да бидеме ударна точка на Коридорот 8“,  потенцира Мицевски.

    (Ж.Цветковска)