×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Крива Паланка ќе добие Центар за дневен престој за лица со активно стреење

    20.12.2022 16:24 | Жаклина Цветковска

    Во просториите на Црвениот крст од Крива Паланка ќе биде отворен Центар за дневен престој за лица со активно стреење, прв од ваков вид во општината.

    Крива Паланка ќе добие Центар за дневен престој за лица со активно стреење

    Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски веќе потпиша договор за грант за опремување и адаптација на Центарот, кој ќе се реализира преку Министерството за труд и социјална политика,  со финансиска поддршка од Светска Банка, во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги.

    „ Унапредувањето на социјалните услуги во нашиот град и грижата за сите наши сограѓани продолжува, а во тие рамкии е и новиот проект. Покрај опремување и адаптација на Центарот за дневен престој за лица со активно стареење, за дел од активностите ќе бидат превземени и градежни работи, а за негово успешно функционирање, ќе бидат набавени и електрични мопеди за пресоналот и 10 велосипеди за дополнителни рекреативни активности за виталните корисници по воспоставување на услугата“, истакнува градоначлникот Митовски.

    Грантот изнесува 5.9 милиони денари, а давател на услуги ќе биде Црвениот крст од Крива Паланка во чиј објект ќе биде сместен центарот, кој ќе им служи на лицата од  трето доба да бидат активни и ангажирани граѓани.

    Во рамките на истиот повик, Општина Кратово,  заедно со Општина Пробиштип и Организацијата на Црвен Крст - Пробиштип,  исто така добија подршка од МТСП за реализација на проект со кој ќе се воспостави услуга - помош и нега во домот  за лицата со намален функционален капацитет,  кои не можат сами да се грижат за себе, а со цел да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата .

    Со овие проекти, МТСП го  продолжува процесот на децентрализација на социјалните услуги од интерес на граѓаните на локално ниво.