Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Oпштина Крива Паланка традиционално денеска го организира прославувањето на големиот христијански празник Бадник на централниот Градски плоштад, со почеток од 15 часот.
„Прославувањето на Бадник ќе биде во духот на христијанската традиција, со звукот на коледарчиња, со традиционалните коледарски песни, со осветени лепчиња со паричка, делење на топла ракија и чај и бадникарски гранчиња и со посна славска закуска“, вели градоначалникот Сашко Митовски.
На Бадникарската прослава се бира и бадникарски кум за наредната година.
„Општина Крива Паланка ве поканува на Градскиот плоштад заеднички, сплотени и со радост да го прославиме овој убав ден Бадник, во радост и пресрет
на најголемиот христијански празник, Христовото раѓање-Божиќ“, порачуваат од Општината.