Пожар во помошна просторија на фарма во Слупчане
08.11.2026 10:51
| KumanovoNews
Пожар избувнал ноќеска во помошна просторија на фарма во липковското село Слупчане.
Во 23:14 часот, во Полициското одделение Матејче било пријавено дека настанал пожар во помошна просторија на фарма во селото Слупчане.
Во периодот од 23:15 до 00:35 часот, интервенирала Територијалната противпожарна единица Куманово со едно противпожарно возило и четворица пожарникари.Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Екипа на СВР Куманово извршила увид на местото на настанот. Причините за избувнувањето на пожарот и матерјалната штета допрва ќе се утврдуваат.