Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Кратово информира дека е направен е лажен профил на Фејсбук , со кој се злоупотребува официјална станица на локалната самоуправа.
Случајот е пријавен до надлежните институции за откривање на лицата кои стојат зад овој чин.
„Случајот е пријавен во надлежната институција за утврдување на ИП-адресата во Македонија, Министерството за внатрешни работи, односно Единицата за борба против компјутерскиот криминал, како и во Дирекцијата за заштита на личните податоци каде исто така се постапува во случаи кога се бара бришење на злоупотребени профили на социјалните мрежи од страна на трети лица“,соопштуваат од општината.