Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Годинешното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, во организација на Општина Крива Паланка, ќе се одржи од 02-07 октомври, со скратена програма од 4 претстави заради здравствената криза.
Лауреат на 13-тото издание на овој театарски фестивал е македонскиот актер Ѓокица Лукаревски, познат по бројни улоги во театарски претстави, филмови и ТВ екранизации.
На репертоарот на фестивалот се 4 претстави и тоа: „Ѕвездено циганско кабаре“, во изведба на Уметничката работилница „Призор“ од Белград, Србија, „Што ќе правиме сега?“ на Југоарт продукцијата од Белград, Србија, „Прво ќе ме земеш, после ќе ме...“ на Театар „Провокација“ од Скопје и „Партија реми“ на Драмски
театар од Скопје.
Претставите ќе се одржат во НУ Центар за култура од Крива Паланка, со почеток во 19.30 часот.