×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Mинималната плата да биде 500 евра бара Синдикатот

    03.03.2025 08:52 | KumanovoNews

    Синдикатите бараат минималната плата да изнесува 500 евра, а придонесите на разликата од висината на минималната плата до 30.000 денари да ги субвенционира државата. 

    Mинималната плата да биде 500 евра бара Синдикатот

    Од Владата оставаат да се договорат синдикатите и работодавачите, додавајќи дека немаат ништо против ако работодавачите можат да исплаќаат минималец повисок од законскиот, но дека субвенционирањето придонеси не е во агендата на Владата.

    Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска до Владата ќе го достави предлогот со кој ќе побара зголемување на минималната плата и на сите останати плати. 

    Според ССМ, 24.400 денари колку што би била минималната плата согласно законското усогласување се премалку за работниците имајќи ги предвид трошоците на живот. Затоа се надеваат дека работодавачите ќе покажат добра волја и ќе го прифатат нивното барање, а Владата ќе ја одигра клучната улога да ги субвенционира придонесите за разликата од 24.400 до 30.000 денари. Од ССМ велат дека минималната плата треба да обезбеди минимум материјална сигурност за работниците.

    Работодавачите се согласни да се зголеми минималната плата, но бараат Владата да им помогне со субвенционирање на придонесите. За висината на минималната плата ќе се разговара на седница на Економско-социјалниот совет што треба да се одржи кон средината на овој месец.