×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се пошумуваат опожарените површини во Кокино, акцијата ќе се реализира на 26 ноември и 5 декември

    16.11.2023 11:30 | Оливера Пешевска

    Во рамки на акцијата „Ајде да пошумуваме заедно“ на 26 ноември и 5 декември ќе се пошумува во селото Кокино, на површините кои беа зафатени со пожат. 

    Ќе се пошумуваат опожарените површини во Кокино, акцијата ќе се реализира на 26 ноември и 5 декември

    Планирано е на површина од 60 хектари да се засадат 122 илјади дрвца со бел бор, црн бор и аризонски чемпрес. Акцијата ја организира компанијата ДМ во соработка со македонски шуми, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство(МЗШВ), со поддршка на Сојузот на извидници на Македонија и граѓани.

    „Шумите се нашите бели дробови, наше природно и национално богатство, кон кое сите ние треба одговорно да се однесуваме и да ги чуваме. Како министерство, наша задача, но и на сите нас како граѓани, е да се грижиме и да ги чуваме нашите шумски убавини и редовно да вршиме обновување со нови садници“, се вели во соопштението на МЗШВ.

     Годинешната акција за пошумување на министерството и ЈП Национални шуми има за цел засадување на 1.2 милиони садници во 19 региони, на 36 локации низ државата. Годинешната акција започнува од овој месец и ќе трае се до март 2024 година. Опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрес, јасен, костен и ела.

    „Зелената транзиција за нас е еден од петте клучно поставени приоритети за работа на министерството, а пошумувањето е една од нашите цели за успешно реализирање на зелените принципи. Да им оставиме на идните генерации чиста, зелена и европска држава“, велат организаторите. Поводот за спроведување на акцијата, особено во пределите опустошени од минатогодишните пожари.

    Воедно се покануваат сите заинтересирани граѓани, љубители на природата да се приклучат кон акцијата. 

    Во пожарите кои ја зафатија општина Старо Нагоричане во 2021 година изгореа големи површини на шума во Козјачкиот регион.