Tешко повреден 16-годишник од Матејче, го нападнале двајца малолетници
29.09.2026 11:48
| KumanovoNews
Шеснаесетгодишник е тешко повреден откако бил нападнат со остар предмет од двајца малолетници во селото Матејче, Липковско.
Според информациите од СВР Куманово, нападот се случил во текот на ноќта, а околу 00:30 часот полициски службеници лишиле од слобода двајца малолетници од селото, кои се сомничат дека го нападнале 16-годишникот.
Повредениот малолетник се здобил со тешка телесна повреда и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.