×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новогодишна магија во Крива Паланка

    23.12.2021 13:57 | Жаклина Цветковска

    Во пресрет на Новата 2022 година, кривопаланчани ја живееат новогодишната магија преку блескаво украсениот град и богатите содржини за Новогодишните и Божиќни празници.

    Новогодишна магија во Крива Паланка

    „Во ова сивило, затвореност и резигнираност, предизвикани од пандемијата со ковид-19, сакавме да внесеме малку радост и среќа кај граѓаните. Затоа го украсивме градот и приредуваме богата новогодишна програма за сите сограѓани, од најмалите до најстарите. Гледаме дека сите се среќни и задовони, но сепак апелираме да се придржуваат кон здравствените мерки и протоколи“, вели градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

    Тој информира дека за новогодишното украсување се потрошени околу 400.000 денари.

    Кривопалачнчани се забавуваат и на Новогодишниот базар со атрактивните дрвени куќички каде можат да се најдат сувенири, новогодишни и божиќни колачиња, греано вино и топол чај и други ситници, кои им го подигаат располошението и ги внесуваат во светот на новогодишната атмосфера.

    Богата програма е предвидена и за Новата 2022 година. Програмата започнува во понеделник, 27 декември и ќе трае се до 31 јануари.

    Меѓу гостите кои ќе ги забавуваат кривопаланчани се Владо Јаневски, Нокаут, гранд ѕвездата Исак Шабановиќ, Тајфата, Елена Велевска, Дац и Александар, Брасс Брадарс, 2 Бона, Слаткаристика, Пајак и Јован, Insertakick, YU for You и Артист бенд.

     

    За најмладите , пак, тука ќе бидат солистите и хорот на Златно славејче и Распеано симитче, кловнови и жонглери.