Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мартовската плата на вработените во основните и средните училишта, која ќе се исплати во април, ќе биде повисока за 7 отсто.
Mинатата година за вработените имаше зголемување од 5 проценти. Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера се сретна со Јаким Неделков, претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), при што било разговарано за новиот колективен договор за вработените во основните и средните училишта.
„Постигнат е голем исчекор напред, усогласени сме по однос на поголемиот дел од прашањата кои ги засегаат вработените во училиштата, а денес нашите преговори продолжуваат за да ја завршиме целосно работата на која се обврзавме ние како Влада од една страна и СОНК од друга страна“, изјави Јаневска, напоменувајќи дека целта на Владата е да обезбеди долгорочна економска сигурност на вработените во училиштата и затоа е предвиден раст на платите за најмалку 46 проценти, а најмногу до 60 отсто до 2028 година, зависно од степенот на инфлација.
Министерката потенцираше дека за прв пат растот на платата е поврзан со степенот на инфлација, за да се обезбеди реално зголемување на приходите на вработените во основното и средното образование.