Пријава за кумановка, ги терала малолетни деца да работат и да питачат
16.11.2026 13:38
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 28-годишна кумановка поради сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Според пријавата, И.Е. ги запоставила своите родителски обврски за грижа и воспитување, при што ги присилувала своите две малолетни деца да работат, иако работата не била соодветна на нивната возраст и физичка сила. Освен тоа, таа ги наведувала и на питачење.
Против неа е поднесена кривична пријава.