Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Крива Паланка ќе ги стимулира младите кои ќе купат велосипед во 2024 година, со покривање на дел од трошоците за набавка на ова превозно средство.
Субвенционирањето од страна на општината ќе изнесува 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари нето износ по лице.
Право на оваа финансиска поддршка имаат сите млади според Законот за младинско учество и младински политики , на возраст од 15 до 29 години, кои треба да се жители на Општина Крива Паланка и кои купиле велосипед во 2024 година.
Субвенциите ќе бидат доделени по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на предвидените средства од буџетот на општината за 2024 година.