Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за труд и социјална политика, издвои 50 милиони денари за изградба на нова детска градинска во село Матејче.
Липково е една од 17-те општини која аплицирала и ги исполни условите од првиот јавен повик за доделување грантови за изградба на детски градинки и центри за ран детски развој.
„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари,“ изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по потпишувањето на Договорот за грант со градоначалникот Ерхан Арифи.
Таа посочи дека како Министерство, работат на изградба на нови и проширување на постоечките капацитети на детски градинки
Градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи информираше дека според официјалните статистички податоци на територијата на општина Липково живеат околу 2.200 деца на возраст до шест години, како и дека изградбата на оваа нова градинка во Матејче е вистински потег во правец на решавање на овој предизвик.
Овој грант е дел од компонента 2 на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска банка.
Наскоро ќе биде објавен нов јавен повик за доделување грантови за проширување на постојните и изградба на дополнителен број нови градинки ширум земјата.
(С.Н.)