×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Старо Нагоричанe го прослави Денот на ослободувањето

    11.11.2023 08:26 | Сузана Николиќ

    Со свечена седница и доделување на ноемвриски награди, Општина Старо Нагоричане го одбележа Денот на ослободувањето - 11 Ноември. 

    Општина Старо Нагоричанe го прослави Денот на ослободувањето

    На седницата беше прикажана видео презентација со проекти и достигнувања на локалната самоуправа во текот на годината, по што на присутните им се обрати заменик градоначалникот Бобан Цветановски. Тој  кажа дека општината, и покрај сите предизвици во изминатите година успејала да реализирала значајни инфраструктурни проекти, и со тоа да ги подобри условите за живот на сегашните и идни генерации.

    „Резултатот се нови километри изградени патишта, водоводи, канализациски мрежи, обновени училишта, уредени урбани катчиња, пешачки патеки, рекреативни зони. Нашата зацртана цел е Старо Нагоричане да биде општина препознатлива на регионалната мапа по земјоделските и сточарски фарми, по туристичките локалитети, по изградена инфраструктура, по чистиот воздух и еколошката храна. Денес, кога 21-от век носи нови предизвици иницирани од брзите промени, мора да се прилагодиме на  визијата за идниот развој, со реален план како тоа да го оствариме.  А таа е Старо Нагоричане да биде  инфраструктурно уредена, економски развиена, демократска и социјално одговорна општина. Еден од  приоритетите за нашиот економскиот развој- обезбедување на сите предуслови за развој на туризмот како една од најперспективните гранки за нашиот регион. Недопрената природа, чистата еколошката средина, вредните културно-историски споменици и локалитети, минераланите води, односно се она што се создавало со векови на ова тло е нашата иднина и перспектива. Затоа, мора да ги ефектуираме туристичките потенцијали и да ги ставиме во служба на локалниот развој“, кажа Цветановски.

    На свечената седница беа доделени и ноемвриските награди на: Слаѓана Трајковска просветен работник, Мирослав Петковиќ , актер, Даница Стојевска, Тереза Јовиќ и Дамјан Павловски, ученици, Драган Трајковиќ, спортист, Јовица Спасовски, земјоделец,  Слаѓан Пешевски, сточар, Тони Китановски, полицаец и Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане.

    Свеченоста беше збогатена со рецитали и драматизација од учениците од „Светозар Марковиќ“ од Старо Нагоричане, „Христијан Тодоровски Карпош„ од Драгоманце и „Христијан Карпош“ од Младо Нагоричане, како и настап на КУД „Козјак“. 

    На свеченоста присиствуваа гости од дипломатскиот, јавен и културен живот во земјава, од соседните општини и збратимените градови од регионот, како и жители на општината.