×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пешачка патека до Осоговскиот манастир и реконструкција на пожарната во Куманово приоритети на Регионалниот форум во заедницата

    01.12.2023 09:36 | Жаклина Цветковска

    Изградбата на пешачка патека до манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка доби најголема поддршка од учесниците на Регионалниот форум во заедницата, што го спроведе Центарот за развој на Североисточниот плански регион, во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој- фаза 2“.

    Пешачка патека до Осоговскиот манастир и реконструкција на пожарната во Куманово приоритети на Регионалниот форум во заедницата

    Проектот е дел од предлозите за обезбедување финансиска поддршка од Бирото за регионален развој (БРР) и Министерството за локална самоуправа (МЛС) за периодот 2024/2025 година.

    Од вкупно 9 концепт решенија, според приоретизацијата на учесниците, на второ место се најде реконструкција на објектот на Противпожарната единица во Куманово и адаптација на старата амбуланта за Противпожарниот дом од Старо Нагоричане.

    Според идентификуваните проблеми за Општина Куманово беа развиени и концепт предлозите: подобрување на инфраструктурата во Бислимската клисура, подобрување на условите за развој на регионалниот училишен спорт – спортска сала на ОУ„ Крсте Мисирков“ и обезбедување на опрема за намалување на загубите за вода.

    На листата на предложени концепти беа уште изградбата на пат во село Опила, Ранковце, реконструкција на патен правец кон Калин Камен, Крива Паланка, доизградба на културен дом во село Матејче Липково и изградба на крак од ул. Вера Јоциќ во Кратово.

    На потег е Советот на Североисточниот плански регион, кој ќе ја утврди конечната листа на приоритетни проекти со кои ќе се аплицира за поддршка од Програмата за регионален развој.

    Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој “ го реализираат БРР и МЛС со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.