Изложба на слики од ликовната колонија „Куманово 2025“ во Уметничката галерија
16.10.2026 08:48
| KumanovoNews
Во Уметничката галерија во Куманово вечерва ќе биде отворена изложба на дела од минатогодишната интернационална ликовна колонија „Куманово 2025“.
Пред публиката ќе биде изложена целокупната ликовна продукција, слики во повеќе ликовни техники – масло на платно, акрил на платно и комбинирана техника на платно.
Свои дела ќе изложат: Далибор Крстевски, Филип Јовески, Вангел Коџоман Помладиот и Вангел Крстиновски од Македонија, Тома Тодоров и Дарина Дочева од Бугарија, Ксенија Бариќ, Весна Петровиќ и Светозар Тасиќ од Србија и Александра Бачиу и Костин Братеану од Романија.
Отворањето на изложбата е закажано во 19.30 часот.