×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МВР на состанок со ловџиите од Кривопаланечко, заради безбедна ловна сезона

    30.09.2023 09:55 | Сузана Николиќ

    Во пресрет на почетокот на ловната сезона 2023/24 во Крива Паланка полициски службеници од полициските станици Деве Баир и Крива Паланка, одржаа работна средба со членови на ловното друштво „Осогово“, која што беше  фокусирана на соработката и заедничките превентивни мерки за почитување на законите од оваа област и безбедно одвивање на сезоната. 

    МВР на состанок со ловџиите од Кривопаланечко, заради безбедна ловна сезона

    „Полициските службеници нотираа повеќе важни укажувања, како што се задолжително носење на дозволи за поседување и носење оружје, задолжително пријавување на евентуалните движење долж граничната линија, неносење на лов на малолетни или други лица, и секако внимателност за безбедно одвивање на сезоната“, соопшти МВР. 

    Истовремено е разговарано и за заштита на шумите од пожари и почитување на забраната за движење низ шумите.