Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
,,Рурален туризам, нова перспектива во младинските мобилности" е нов проект на СОУ„Митко Пенџуклиски“ од Кратово насочен кон развојот на туризмот и угостителство во еден од најстарите градови на Балканот, препознатлив по непроценливите културни, природни и туристички потенцијали.
Проектот е дел ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Србија, фунансиран од ЕУ. Партнери на кратовското средно училиште се СШ ''Светозар Крстић-Тоза'' од Вучје (Лесковaц) и Здружението ,,Limitless" од Белград, со целосно поддршка од Општина Кратово.
„Првата активност е креирање на бренд стратегија за Кратово како туристичка дестинација за рурален туризам насочен кон младите. Процесот ќе трае неколку месеци, а учесници се сите засегнати страни од областа на туризам и угостителство од Кратово. Со целиот процес управуваат проф. д-р Горан Дашиќ и проф. д-р Александар Дејановииќ од MBS Факултетот од Белград“, вели координаторот на проектот Младен Мицевски, професор во СОУ„Митко Пенџуклиски“.
Проектните активности предвивдуваат и целосно опремување на младински хостел со соби за сместување, кујнски, ресторански дел, младински хаб, магацин за опрема за алтернативни форми на туризам (велосипеди, шатори, вреќи за спиење и др.). Дополнително, проектот опфаќа и креирање на 5-дневен туристички аранжман за млади во Кратово, веб портал за промоција на туристичките компании и вредности на двете општини, обуки за професорите и учениците, апликација за туристички водич на отворено, меѓусебна размена на ученици и други помали проектни активности.
Покрај координаторот Мицевски, членови на проектниот тим од Кратово се и професорката Драгана Андреева Јакимова и педагогот Катерина Ковачевска.