×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сашко Коцев ја воодушеви публиката во Крива Паланка со стендапот „ Широк дијафазон“

    08.06.2024 14:17 | Жаклина Цветковска

    Многу смеа, силни аплаузи и овации предизвика целовечерниот стендап на Сашко Коцев во НУ Центар за култура Крива Паланка.

     

    Сашко Коцев ја воодушеви публиката во Крива Паланка со стендапот „ Широк  дијафазон“

    Публиката уживаше до максимум во двочасовниот урнебесен перформанс „Широк дијафазон“ и неверојатниот хумор со кој Коцев ги портретираше ситуациите од секојдневието, машко- женските односи, менталитетот и однесувањето на луѓето и уште многу теми од животот и опкружувањето.

    „Многу, многу расположена публика. Јас тоа постојано го повторувам. Нема што јас да наидувам на добар прием кај публиката. Публиката реагира онака како што таа сака. Ако тоа и се допаѓа, ако е добро, ќе си реагира како што треба. Ако не и се допаѓа , нема да реагира. Сите викаат „Абе бев таму и таму, ама нешто публиката не беше расположена“. Не, ти не си бил расположен, како перформер. Така да јас баш бев расположен и сите заедно во Крива Паланка поминавме убави и ведри два часа“, рече по настапот Сашко Коцев.

    Тој ја пофали Крива Паланка како Град на културата дека има многу убави настани и содржини што е богатство за еден вака мал град.

    „Како град на културата Крива Паланка има многу голема обврска да се понудат содржини, публиката да биде задоволна, да се донесе публика од околните градови. Верувам ова добро го правите и ви честитам на сите заедно за упорноста и за ентузијазмот“, подвлече Коцев која воедно ја поддржа и кампањата „Концертен клавир за Крива Паланка“.

    Салата во НУ Центар за култура Крива Паланка беше претесна да ги прими сите заинтересирани, а во публиката имаше гости и од Куманово, Скопје и други градови.

    “Единствен и неповторлив. Не насмеа до солзи. Се смеевме на сопствените грешки и на нашите навики, кои тешко ги менуваме. Тоа што несвесно го правиме секојдневно, Сашко на пластичен начин ни покажа како изгледа кога се гледа од страна“, кажа воодушевена  посетителка.

    Целовечерното стендап шоу на Сашко Коцев е организирано во рамките на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“ , поддржана од Министерството за култура.