Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три жени кои живеат под ист покрив се степале во дворот од куќата по што била повикана полиција, поради нарушување на јавниот ред и мир.
Во соопштението на МВР се вели дека во Полициска станица Крива Паланка било пријавен дека во дворно место од семејна куќа во селото Длабочица има тепачка меѓу три жени.
„По претходна расправија околу нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.П.(39), од една страна и И.П.(26) и Л.П.(51), од друга страна, сите женски лица од истото село. Сочинет е записник за констатиран прекршок“, се вели во кусата информација на МВР.